Европската ракометна федерација (ЕХФ) сподели видео од спектакуларен потег кој ја одбележа изминатата година, а во главна улога е македонскиот репрезентативец од Еурофарм Пелистер – Дејан Манасков.
Иако на официјалната страница на Лигата на шампионите во описот стои „Најдобар гол во 2026“, фановите во коментарите веднаш реагираа и ја исправија ненамерната грешка на администраторот – ова е дефинитивно најдобриот гол за 2025 година.
Без разлика на годината, потегот е безвременски. „Еластичниот“ Манасков потсети на своите најдобри денови, а фановите со право коментираат дека станува збор за „чиста македонска ракометна уметност“ и доказ дека „крушата под круша паѓа“, алудирајќи на гените од легендарниот Пепи Манасков.
Уживајте во мајсторијата:



