На почетокот на денешниот натпревар помеѓу Ливерпул и Бортмунт, кој го означи и официјалниот старт на новата сезона во Премиер лигата, беше оддадена почит на прерано починатите Диого Жота и Андре Силва.
Ова претставува прв официјален натпревар во Премиер лигата кој тимот го игра без својот соиграч, а навивачите ги испишаа иницијалите и броевите на двајцата фудбалери на трибините.
Претходно пишувавме и за навивачот кој веќе 30 години од љубов кон клубот ги подготвува мозаиците кои ги обојуваат трибините на Енфилд, па таа статија можете да ја прочитате тука.
Погледнете го емотивниот момент во видеото кое Ливерпул го сподели на социјалните мрежи.
— Liverpool FC (@LFC) August 15, 2025



