Тандемот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ и Арон Гордон, уште еднаш покажа зошто имаат една од најдобрите хемии во НБА лигата – и на теренот и надвор од него. На промоцијата на нивите нови линии патики со брендот „361 Degrees“ (JOKER 2 и AG 6), двајцата приредија вистинско шоу за новинарите.
Најинтересниот момент беше кога Јокиќ го откри своето „суеверие“ околу изборот на патики за натпреварите.
Јокиќ: Носам исти патики додека не загубиме!
Додека Гордон внимателно ги бира патиките за да одговараат со бојата на дресот (што Јокиќ на шега го нарече „смешно“ и „претерано“), Србинот има многу попрактичен метод.
„Носам исти патики ако сме во победничка серија. Кога ќе загубиме, ги менувам без разлика на сè. Оваа година имаме многу победи, па носам можеби само пет или шест различни пара од почетокот на сезоната,“ откри Јокиќ.
„Никогаш нема да ме стигнеш!“
Гордон не пропушти шанса да се пошегува со својот соиграч за тоа што тој веќе е стигнат до шестата верзија на својот модел (AG 6), додека Јокиќ е „само“ на втората (JOKER 2).
„Имам шест, тој има две. Нема шанси да ме стигне,“ се шегуваше Гордон, додека Јокиќ возврати дека неговите се „поудобни“.
Сепак, почитта е огромна. Јокиќ потсети дека токму Гордон е „виновникот“ за неговата соработка со кинескиот бренд.
„Арон ме запозна со компанијата. Привилегија е да имаш соиграч и пријател кој ти е практично и агент,“ додаде Јокиќ.
На прашањето која им е омилена боја на новите модели, Јокиќ како од топ избра „Шампањ“, додека Гордон се одлучи за „Брус Ли“ варијантата (црно-жолта).
Погледнете ја целата забавна промоција во видеото подолу:
Следете нè: Facebook | Instagram | X



