16.8 C
Skopje

(Видео) Кире Лазаров: “Лигата ни е премногу бавна, со ваков ритам немаме шанси во Европа!”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата легенда на македонскиот ракомет, Кирил Лазаров, во своето последно интервју за подкастот на Balkan-Handball.com, даде една брутално искрена и реална анализа за состојбата во македонската клупска лига. Според него, иако лигата е силна и неизвесна, таа има еден огромен проблем што ги спречува нашите клубови да направат чекор напред во Европа, бавниот ритам на игра.

“Не само што ни е јака лигата, туку е и специфична, и тоа е проблемот. Многупати досега сум изјавил, без намера некого да навредам, но мислам дека покрај тоа што ни е јака, лигата ни е и многу бавна”, изјави Лазаров.

“Натпревар што трае 2 часа и 40 минути? Тоа е недозволиво!”

Лазаров, кој беше присутен на последното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, го посочи и главниот проблем.
“Проблемот е во тоа што натпреварот, карикирам, почнува во 20:00, а завршува во 22:40 часот. Два часа и 40 минути да трае еден натпревар… нема никаков ритам. Има 100 прекини, бришење на подот, 7 до 10 ВАР-проверки… Сè е супер, одличен, машки ракомет, но мислам дека тоа не е правецот во кој треба да се движиме ако сакаме да направиме чекор напред во Европа.”

“Во ЛШ и ЛЕ не се дозволува ова, таму има атомски ракомет”

Легендарниот капитен, кој во својата кариера освои сè што можеше да се освои, направи директна споредба со европските натпреварувања.
“Мислам дека во Лигата на шампионите не се дозволува да се игра толку долго. Таму сè оди многу побрзо, нема толку прекини, нема пасивни напади што траат по минута и пол. Исто е и во Лигата на Европа. Ние ќе се бориме во нашата лига, некој ќе биде шампион, но ако продолжиме со овој ритам, нема да добиеме ништо во Европа.”

Тој потенцираше дека ова го зборува како Македонец и навивач.
“Јас сум Македонец, навивам за македонските тимови во Европа. Со толку вложувања и со добра лига, ние мора да имаме и чекор напред во Европа. Но, со лига во која натпреварите траат над два и пол часа, тоа е невозможно.”

Лекција за сите: Публиката плаќа за спектакл, а не за чекање

На крајот, Лазаров ја испрати и најважната порака.
“Луѓето што доаѓаат и плаќаат скапа карта, знаат дека ако натпреварот почнува во 19:00, во 20:45 треба да бидат дома, а не да останат до 22:20. Ако дојдеш на македонско дерби, можеби ќе си дојдеш дома следниот ден”, се пошегува тој.

Ова е лекција од најголемиот. Лекција која сите во македонскиот ракомет треба сериозно да се сфати.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено