(Видео) Лидерот е незапирлив: Талевски и Тодоровски му донесоа триумф на Вардар во Струмица

Објавено:

Гоце Седлоски и неговиот Вардар продолжуваат да газат во Првата македонска фудбалска лига! „Црвено-црните“ ја запишаа 11-тата победа оваа сезона, овојпат славејќи со сигурни 0-2 на тешкото гостување кај АП Брера во Струмица.

Со овој триумф, Вардар врза пет победи во низа и останува единствениот непоразен тим во лигата по 14 одиграни кола!.

„Калливиот“ терен не ги спречи вардарци

Условите за игра на стадионот „Благој Истатов“ беа далеку од идеални. Обилниот дожд го претвори теренот во кал, што го отежна движењето на топката. Првото полувреме помина без голови, иако Едиз Спахиу ја имаше најубавата шанса, но не успеа да реализира по центаршутот на Маневски.

Блиц-криг во второто полувреме

Отпорот на домаќините беше скршен во 54. минута. По одлична акција и асистенција од Спахиу, Михаил Талевски се најде на вистинското место и погоди за 0-1.

Точка на натпреварот стави резервистот Димитар Тодоровски во 71. минута. Тој искористи катастрофална грешка на дефанзивецот на Брера, Лука Луковиќ, кој практично му ја подари топката, па на Тодоровски му остана полесната задача да го совлада голманот Илоски за 0-2.

Со овие три бода, Вардар се зацврсти на врвот на табелата со 36 бода, четири повеќе од Струга Трим Лум и шест повеќе од Шкендија (кои имаат натпревар помалку).


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено