Иако спектакуларниот гол на нашиот капитен Енис Барди од слободен удар во мечот против Казахстан беше номиниран за погодок на колото во квалификациите за Светското превенство, сепак наградата ја собра играчот на Андора, Гилауме Лопез кој успеа да им даде на Србите гол од половина терен.
Голот кој предизвика вистински шок во репрезентацијата на Србија сепак не беше доволен за победа, а Србија успеа да се врати и да ја сврти играта во своја корист за конечен резултат од 1-3.
Погодокот на Барди се најде на второто место, а третото му припадна на Коди Гакпо во мечот во кој неговата Холандија ја декласираше Финска со 4-0.
Погледнете ги сите погодоци!
Guillaume Lopez from halfway 😯🇦🇩#EQGOTT | @AlipayPlus | #WCQ pic.twitter.com/CK8RRqjuBQ
— UEFA EURO (@UEFAEURO) October 16, 2025



