Во разговор кој повеќе наликуваше на муабет меѓу пријатели отколку на интервју, Лионел Меси за Luzu TV ја отвори душата како никогаш досега. Најдобриот фудбалер на сите времиња призна дека има свои „бубачки“, откри што пие кога сака да се опушти и зошто одбива да зборува англиски во јавност.
„Вино и Спрајт… да удри веднаш!“
Еден од највиралните моменти од разговорот беше кога Лео беше запрашан што пие кога има „дозвола“ да се опушти. Неговиот одговор ги изненади сите – нема скапи вина или егзотични коктели.
„Не сакам многу вино. Пијам вино со Спрајт,“ призна Меси низ смеа. На прашањето зошто таа комбинација, тој искрено одговори: „За да ме ’фати‘ побрзо!“.
„Почуден сум од…“: Опсесија со ред и самотија
Меси призна дека ужива во самотијата и дека хаосот во домот со трите деца понекогаш го преплавува.
„Имам своја страна каде што сум почуден од г*мно,“ искрено изјави Меси. „Не сакам луѓето да ми ги чепкаат работите. Морам да знам каде е сè,“ додаде тој, откривајќи дека е опседнат со ред и дека си ја подготвува облеката ден пред тренинг.
Призна и дека лесно се „блокира“ ако работите не одат по план и тогаш има „фаца за никаде“. Единствениот што може да го извади од тоа расположение е средниот син, Матео.
Зошто не зборува англиски?
Иако живее во Мајами, Меси ретко зборува англиски пред камерите. Во познатата реклама за „Bad Boys“ кажа само еден збор, иако продуцентите барале повеќе.
„Тоа е од срам (пудор). Разбирам сè и можам да зборувам и да се разберам, но ми е срам да го правам тоа јавно. Во рекламата им реков: ’Не, не, ќе го кажам на шпански‘,“ открива Аргентинецот.
Антонела престана да биде романтична поради него
Лео зборуваше со многу љубов за својата сопруга, но откри и една смешна страна на нивниот брак. Вели дека тој не е вербално експресивен, туку покажува љубов преку дела и подароци.
„Таа порано беше многу поромантична од мене, но престана. Еднаш ми рече: ’Веќе не сме како порано‘, затоа што јас бев премногу ладен и не враќав на ист начин. Сега се сменивме,“ раскажа Меси.
Живот во Мајами: ТикТок, трачеви и „Envidiosa“
Иако е најпознатиот спортист на планетата, Меси се обидува да живее нормално. Неговото слободно време е изненадувачки обично, гледа ТикТок видеа (дури и оние што го имитираат) и серии со Антонела. Посебно ја препорача аргентинската серија „Envidiosa“.
Најголемото изненадување? Меси призна дека гледа аргентинска емисија за озборувања (LAM) „за да биде во тек“, навика која вели дека ја наследил од мајка му.
Иднината: Сопственик, а не тренер
За животот по фудбалот, Меси е јасен – не сака да биде тренер.
„Не се гледам како тренер. Ми се допаѓа делот да бидам сопственик… да направам клуб да расте, почнувајќи од дното,“ објасни тој, најавувајќи можна иднина во менаџментот.
Целото интервју: За комплетниот разговор за детството, каењето за „Топо Џиџо“ прославата и животот во Мајами, погледнете го целото видео подолу.



