(Видео) Миовски влезе и пресуди: Асистенција на Македонецот за победа на Ренџерс!

Објавено:

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски уште еднаш покажа дека е играч за големи моменти. Во натпревар во кој Глазгов Ренџерс се мачеше против жилавиот Ливингстон, влегувањето на Миовски во второто полувреме ја направи клучната разлика.

Ренџерс славеше со 2-1, но до победата стигна потешко од очекуваното. По првото полувреме резултатот беше 1-1, откако Фернандез (9′) донесе предност за домаќините, а Јенги (18′) израмни за гостите.

Миовски влезе и „намести“ победа

Менаџерот Дани Рол го уфрли Миовски во игра на почетокот на вториот дел на местото на Асгард, и тоа се покажа како полн погодок. Македонецот веднаш ја раздвижи играта, а во 78. минута беше архитект на победничкиот гол.

Миовски доби долга топка, одлично се снајде и го проигра Мохамед Диоманде, кој погоди за конечни 2-1. Голот првично беше поништен поради офсајд, но ВАР снимката потврди дека асистенцијата на Миовски била регуларна.

Ова се важни три бода за Ренџерс, кој ја врза четвртата победа во низа во шкотската Премиер лига.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено