(Видео) Модриќ, Далиќ и Гвардиол со честитка за Седлоски

Објавено:

Новиот селектор на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, јавно се огласи по своето назначување, откривајќи дека добил поддршка од фудбалски имиња од светска класа. Но, во неговата изјава не изостана ниту одговор на актуелната драма која го тресе македонскиот фудбал.

Модриќ, Гвардиол и Далиќ: Честитки од фудбалскиот крем

Седлоски истакна дека поддршката која ја добил од меѓународната фудбалска заедница е голема чест и дополнителен мотив за него.

„За преземањето на функцијата селектор добив честитки од луѓе кои се светски величини и мои поранешни соиграчи – Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, селекторот Златко Далиќ и многу други. Тоа за мене е чест и дополнителна одговорност“, изјави Седлоски.

Оваа поддршка, придружена со видео пораки од споменатите фудбалски ѕвезди, беше објавена на официјалните профили на фудбалската федерација на Македонија.

Директна порака до „домашни величини“

Но, Седлоски не ја избегна ниту актуелната тензична атмосфера во домашниот фудбал. Без директно да споменува имиња, тој испрати јасна порака до оние кои, според него, ја нарушуваат атмосферата со своите лични фрустрации и суети.

„За разлика од самопрогласени „величини“ кај нас, кои од суета не можат ниту да кажат „со среќа Македонијо“. Мене ме интересира само едно – успехот на репрезентацијата. Македонија е над секое име, над секоја лична фрустрација и над секоја суета“, истакна Седлоски.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено