14.8 C
Skopje

(Видео) Навивачите на Реал му подарија на Васкез тифо кое нема да го заборави!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашниот меч од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, навивачите на Реал му посветија посебна кореографија на Лукас Васкез, која веруваме дека никогаш нема да ја заборави.

Кореографијата ја користеше фотографијата на Васкез кога бил дете, навивајќи за својот Реал Мадрид на трибините. Под него стоеше написот: “Да го видам Бернабеу, да ги видам шампионите!”.

Извор: https://x.com/footballontnt

Васкез се заблагодари на навивачите на социјалните мрежи: “Сонував за тоа кога бев дете. Го доживеав кога бев маж. Ви благодарам многу Реал Мадрид”.

Погледнете го видето и видете како изгледаше оваа прекрасна посвета од навивачите.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено