Бразил никогаш не разочарува кога станува збор за возбуда во Формула 1, а така беше и на денешната спринт трка. Откако Оскар Пијастри излета, по него бариерите ги „сретнаа“ и Хулкенберг и Колапинто, по што сесијата беше прекината.
По летечкиот старт Ландо Норис ја задржа првата позиција, а целата трка ја возеше контролирано и покрај притисокот од дебитантот Кими Антонели од Мерцедес на второто место. На третото зад него заврши неговиот клупски колега Џорџ Расел, а Макс Верстапен заврши на четвртото место во финалниот пласман.
Drama in #F1Sprint as Piastri crashes out! 😮#F1 #BrazilGP pic.twitter.com/rRbfLf6SLQ
— Formula 1 (@F1) November 8, 2025
Крајот го одбележа уште една драма кога домашниот возач Габриел Бортолето излета од патеката со силен удар, по што трката заврши под жолто знаме. За среќа, сè беше во ред со Бразилецот, а тој безбедно го напушти болидот по трката.
Со ова Норис ја зголеми предноста на врвот за девет поени, пред тимскиот колега и ривал Оскар Пијастри.
Сега следуваат квалификациите за главната трка, како и големиот утрешен спектакл на патеката „Интерлагос“.



