(Видео) Погледнете ги 100-те голови на Ерлинг Халанд во Премиер лигата!

Објавено:

Синоќа на натпреварот меѓу Манчестер Сити и Фулам, норвешката „гол машина“ Ерлинг Халанд, стигна до 100-от погодок во Премиер Лигата, а тоа го направи со нов рекорд. Имено, тој стана играчот кој најбрзо стигнал до 100 погодоци во 111 натпревари, надминувајќи го и легендарниот Алан Ширер, кој до својот 100-ти гол стигна по 124 одиграни натпревари во далечната 1995 година.

„Ова е огромно достигнување. Навистина сум горд. Секако дека е големо нешто!“, изјави напаѓачот после мечот.

„Клубот 100 е навистина нешто убаво да бидете во него и јас сум многу среќен. Знаев за овој рекорд, а тоа е она што пробувам да го правам секојдневно, да му помогнам на мојот тим да постигнува голови. Тоа е мојата работа“, додаде тој.

Погледнете ги сите погодоци кои го донесоа до ова неверојатно достигнување!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено