„Машина за голови“: Ерлинг Халанд со 100 премиерлигашки голови со рекордна брзина

Објавено:

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, повторно испиша историја во Премиер лигата. Со гол постигнат против Фулам во вечерва, норвешкиот феномен го достигна магичниот број од 100 постигнати голови и тоа го направи со рекордна брзина, побрзо од кој било друг играч во историјата на натпреварувањето!

Халанд ја затресе мрежата на својот 111-ти натпревар во Премиер лигата, соборувајќи го долгогодишниот рекорд на легендарниот Алан Ширер, кој до својот 100-ти гол стигна по 124 одиграни натпревари во далечната 1995 година.

Халанд е 35-тиот играч кој влегол во елитниот „Клуб 100“, но начинот на кој го направи тоа ја потврдува неговата класа како генерациски талент. За споредба, разликата меѓу него и останатите напаѓачи од светска класа е неверојатна.

Топ 10: Најбрзи играчи до 100 гола во Премиер лигата

РангирањеИграчНатпревари до 100 гола
1.Ерлинг Халанд111
2.Алан Ширер124
3.Хари Кејн141
4.Серхио Агуеро147
5.Тиери Анри160
6.Мохамед Салах162
7.Иан Рајт173
8.Роби Фаулер175
9.Лес Фердинанд178
10.Мајкл Овен185

Членови на „Клубот 100“ во Премиер лигата

Халанд е последниот играч што се приклучи на оваа елитна група, во која веќе се наоѓаат некои од најголемите имиња во историјата на англискиот фудбал.

ИграчГоловиИграчГолови
Алан Ширер260Роби Кин126
Хари Кејн213Николас Анелка125
Вејн Руни208Двајт Јорк, Рахим Стерлинг123
Мохамед Салах190Ромелу Лукаку121
Енди Кол187Стивен Џерард120
Серхио Агуеро184Иан Рајт113
Френк Лампард177Садио Мане, Дион Даблин111
Тиери Анри175Емил Хески110
Роби Фаулер163Рајан Гигс109
Џермејн Дефо162Питер Крауч108
Мајкл Овен150Пол Сколс107
Лес Фердинанд149Дарен Бент106
Теди Шерингем146Дидие Дрогба104
Џејми Варди145Кристијано Роналдо103
Робин ван Перси144Мет Ле Тисиер100
Џими Флојд Хаселбенк, Сон Хеунг-мин127Ерлинг Халанд100

Незапирлив и во трката за „златната копачка“

Халанд, кој ја освои наградата во првите две сезони со Сити, е на одличен пат да ја врати „Златната копачка“ откако Мохамед Салах го надмина минатата година. Со 15 гола на 14 натпревари, тој е убедлив лидер оваа сезона.

Најдобри стрелци во ПЛ 2025/26Голови
Халанд (Манчестер Сити)15
Игор Тиаго (Брентфорд)11
Велбек (Брајтон), Матета (Кристал Палас)7
Семењо (Борнмут)6

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено