(Видео) Потоп на „Максимир“, германска лекција во Франција и „нула“ на Форест – Резултати од Лига Европа

Објавено:

Четвртото коло во Лига Европа донесе неколку очекувани победи, но и тешки порази за фаворитите. Динамо Загреб доживеа дебакл на домашен терен, Нотингем Форест промаши пенал во Австрија, а Фрајбург ја „прегази“ Ница.

Во центарот на вниманието беше првата победа на Црвена ѕвезда оваа сезона во Европа, во тензичен натпревар против Лил (1-0).

(Видео) Динамо Загреб 0-3 Селта Виго

Вистински „потоп“ на „Максимир“. Селта го понижи Динамо Загреб со 0-3, а целиот натпревар беше решен уште во првото полувреме. Пабло Дуран беше кошмар за „Модрите“, погодувајќи во 3. и 44. минута, а во меѓувреме (28. минута) Серџи Домингез си постигна и автогол за целосен дебакл.

(Видео) Ница 1-3 Фрајбург

Германска лекција среде Азурниот брег. Фрајбург ја „реши“ Ница со 1-3, при што сите голови паднаа во првиот дел. Иако домаќините поведоа преку Оморуји (25’), гостите одговорија со „блицкриг“ преку Манзамби (29’), Грифо од пенал (39’) и Шерхант (42’).

(Видео) Штурм Грац 0-0 Нотингем Форест

Најголемото возбудување на мечот без голови (0-0) во Грац беше уште еден промашен пенал. Морган Гибс-Вајт во 35. минута не успеа да реализира од белата точка, откако голманот на Штурм, Оливер Кристенсен, го одбрани неговиот удар.

Останати резултати

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено