Лудилото во Саудиска Арабија нема крај, а Рафиња игра натпревар на кариерата! Во момент кога тензијата на теренот зовре и жолтите картони летаа на сите страни (Валверде, Ерик Гарсија, Асенсио), Бразилецот повторно ја презеде одговорноста.
Во 73-тата минута, Рафиња се одлучи на удар од работ на шеснаесетникот. Топката го закачи дефанзивецот Раул Асенсио, го промени правецот доволно за да го фати Тибо Куртоа на „крива нога“ и заврши во мрежата за 3-2.
Ова е втор гол за Рафиња вечерва, кој ја враќа Барселона во пол-позиција за трофејот.
Погледнете го чудниот, но злато вреден гол: 👉 ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВТОРИОТ ГОЛ НА РАФИЊА (3-2) ТУКА
Чаби Алонсо веднаш реагираше, во игра влезе Килијан Мбапе. Дали Реал Мадрид има уште еден живот или ова е крајот?
ХРОНОЛОГИЈА НА ЛУДИЛОТО ВО ЏЕДА:
Ако се вклучувате сега, пропуштивте историја. Еве што се случи претходно:
👇 Првото полувреме заврши со 2-2 во судиското надополнување:
👇 Вака израмни Реал на 1-1:
👇 Вака Барса поведе со 1-0:



