(Видео) Ренесанса на Рома: Фиорентина „падна“ на Олимпико, ЛШ е на дофат!

 

Објавено:

Фудбалерите на Рома одиграа еден од своите најдобри натпревари сезонава, совладувајќи ја Фиорентина со убедливи 4:0 на „Стадио Олимпико“. Со овој триумф, „волчицата“ максимално ги искористи киксовите на директните ривали и сега се наоѓа на само еден бод заостанување зад четвртопласираниот Јувентус.

Експресно водство и доминација на „волчицата“

Натпреварот започна со иницијатива на домашниот тим, а резултатот беше отворен по еден корнер изведен од младиот Николо Писили. Највисок во шеснаесетникот беше Џанлука Манчини, кој со прецизен удар со глава од шест метри го донесе водството за Рома. Доминацијата продолжи со вториот погодок, кој беше дело на Весли, по одлична акција започната повторно од Писили и брза транзиција преку Матијас Суле и Марио Ермосо.

Пред крајот на првиот дел, Рома веќе имаше недостижна предност. Ману Коне, кој се врати во стартниот тим по пауза од март, ја проби одбраната на гостите и му асистираше на Марио Ермосо за лесен погодок од непосредна близина.

Фиорентина без одговор на притисокот

Иако „виолетовите“ се обидоа да се вратат во натпреварот со тројна измена на полувремето, вклучувајќи го и младиот Рикардо Браски кој ја погоди стативата, Рома остана стабилна. Конечниот резултат го постави токму Николо Писили, кој ја круниса својата одлична партија со гол со глава по атрактивно нафрлување на Дониел Мален.

И покрај високиот пораз, екипата од Фиренца практично го обезбеди својот опстанок во лигата благодарение на поразот на Кремонезе во претходниот термин.

Извор: https://www.asroma.com

Спектакл на трибините

Екипата на Спортска Станица имаше свој известувач на самото место, пренесувајќи ја во живо атмосферата од „Олимпико“ на нашите социјални мрежи. Навивачите на Рома приредија вистински спектакл со своите песни, создавајќи амбиент кој беше дополнителен ветер во грбот за играчите на теренот.

Огромна благодарност до Спиро кој вечерва ни ја доближи и пренесе спектакуларната атмосфера која ја приредија навивачите на Рома! Погледнете дел од ексклузивните видеа за Спортска Станица!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено