(Видео) „Сакам да завршам со достоинство, не во Катар или Дубаи“ – Интервјуто од 2015 што го прогонува Роналдо како дух!

 

Објавено:

Кога Кристијано Роналдо пристигна во Саудиска Арабија, тоа беше најавено како доаѓање на Кралот. Три години подоцна, „Кралот“ има сè, пари, моќ, луксузни часовници и 200 милиони евра годишно. Има сè, освен она што најмногу го ветуваше – трофеи.

Поразот од Ал Хилал (1-3) не е само уште еден изгубен натпревар. Тоа е потврда дека проектот „Роналдо во Ал Наср“ е најскапиот маркетиншки трик во историјата, кој на теренот носи – нула.

Интернетот е суров, а фановите ископаа видео од 2015 година кое денес звучи како најлошата шега на негова сметка.

„Нејќам во САД или Дубаи, тоа не е добро…“

Во познатото интервју кај Џонатан Рос од 2015 година, Роналдо со полна уста самодоверба (и малку ароганција) ја предвиде својата иднина. Или барем така мислеше.

„Во мојот ум, сакам да завршам на врвно ниво. Сакам да завршам со достоинство. Во добар клуб. Тоа не значи одење во САД, Катар или Дубаи. Тоа не е добро. Не се гледам себеси таму,“ изјави тогаш Роналдо.

Денес? Денес тој е во лига која е рангирана под многу европски втори лиги, а достоинството се мери во милиони, не во титули.

Кога сопствените навивачи те молат да си одиш

Уште поболно од старите интервјуа е новото видео кое кружи на социјалните мрежи, направено од (поранешни?) фанови на Ал Наср. Насловот е брутален: „Фановите на Ал Наср направија компилација од Роналдо молејќи го да си оди“.

Што има во видеото? Нема голови. Има:

На видеото се слуша арапски коментатор како очајно вика „Ла, ла, ла!“ (Не, не, не!), додека Роналдо се бори со рамнотежата. Од „Најдобар на светот“ до материјал за мајтап на TikTok, линијата е тенка.

„Црната дупка“ за тренери: Дали Жорж Жесус е следен?

Откако Роналдо стапна во Ријад, Ал Наср имаше сè, најдобри играчи (Мане, Брозовиќ, Лапорт, Отавио) и врвни стратези. Резултатот? 0 титули во лигата.

Листата на „жртви“ е долга:

  • Руди Гарсија: Беше прв на табелата. Дојде Роналдо. Гарсија доби отказ. Титулата ја зеде Ал Итихад.
  • Луис Кастро: Донесе надеж, но не и трофеи. Доби отказ.
  • Жорж Жесус (актуелен тренер): Легендарниот Португалец го презеде тимот во јули 2025 со надеж дека ќе го скрши проклетството. Но, по поразот од 1-3 во дербито и заостанувањето од 7 бода, се поставува прашањето: Дали и Жесус ќе биде „изеден“ од егото на својот сонародник?

Се чини дека проблемот не е во тренерот. Кој и да дојде, мора да се прилагоди на еден човек кој, иако легенда, веќе не може да ја носи екипата на грб против организирани тимови како Ал Хилал.

👇 Еве како изгледаше последниот дебакл на Ал Наср:


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено