(Видео) Спектакл за историја: Баерн преку „трилер“ со седум гола го елиминираше Реал!

 

Објавено:

Баерн Минхен обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите по неверојатна фудбалска војна против Реал Мадрид, која заврши со победа на Баварците од 4-3 (6-4 вкупно). Во натпревар кој понуди сè што фудбалот може да даде, тимот на Копани закажа полуфинална пресметка со Пари Сен Жермен.

Првото полувреме беше вистинско „лудило“ во кое беа постигнати дури пет гола. Реал Мадрид водеше во три наврати, но Баерн имаше одговор на секој удар. Хари Кејн со својот 50-ти гол во сезоната уште еднаш потврди дека е незапирлив, одржувајќи ги Баварците во живот во моментите кога „кралевите“ се закануваа со пресврт.

Пресвртна точка: Црвениот картон на Камавинга

По атомското прво полувреме, вториот дел донесе тактичко надмудрување и побавно темпо. Кога сите очекуваа продолженија, се случи клучниот момент во 86-та минута. Едуардо Камавинга, кој влезе како замена, заработи втор жолт картон поради фаул над Кејн и непотребно трошење време, оставајќи го Реал со десетмина во финишот.

Луис Дијаз како егзекутор

Казната за Реал стигна сурово и брзо. Во 89-та минута, Луис Дијаз го постигна својот 24-ти гол во сезоната за вистинска експлозија на стадионот. По одличното двојно проигрување со Џамал Мусиала, поранешниот играч на Ливерпул упати прецизен „фелш“ удар кој заврши во самиот агол од голот на Куртоа.

Точка на натпреварот и потврда на елиминацијата на 15-кратниот европски првак стави Мајкл Олисе, кој во судиското продолжение погоди за конечни 4-3 и дефинитивен пласман на Баерн во следната фаза.

Реал Мадрид, и покрај тоа што трипати водеше на натпреварот, не успеа да го издржи притисокот и заминува дома, додека Баерн продолжува да го сонува европскиот трон.

Погледнете ги головите:


Темелна анализа на сите тактички потези и клучни моменти од овој „трилер“ во Минхен очекувајте во текот на утрешниот ден на SportStation.mk!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено