(Видео) Штета! Херојски Вардар падна во Финска, но скапата лекција од Скопје долго ќе се прераскажува!

 

Објавено:

Штета! Долго ќе се шепоти низ чаршијата што ќе беше да не беше тој непотребно ужасно одигран натпревар во Скопје и поразот од 0-2… Долго ќе се шепоти што можеше да направи Вардар доколку во овие два меча имаше класичен напаѓач на посакуваното ниво. Но, едно големо браво за одиграното во Финска, каде „црвено-црните“ по огромна драма славеа со 2-3 по продолженијата, иако тоа за влакно не беше доволно за вкупна победа (елиминација со вкупни 4-3 за домаќинот).

Одлични потези од клупата и играчи кои го оставија срцето на терен

Аргентинецот на клупата, Кристијан Фабијани, по овој двомеч има целосна слика за тимот и точно знае каде треба да се направат итни корекции. Тој одлично го водеше реваншот и погоди со измените. Горан Закариќ, кој влезе во 85. минута, беше еден од клучните играчи, во 91. минута реализираше пенал за 0-2, а потоа и асистираше во екстра-времето. Огромна свежина донесоа и Иан Пулеио и Едиз Спахиу кои влегоа во игра во 74. минута. Токму Пулеио постигна прекрасен гол во 102. минута за водство од 1-3.

KuPS 0-1 Vardar [2-1 on agg.] – Saku Savolainen OG 59′
by u/atbg1936 in soccer

Мора да се истакне и лидерската партија на Бобан Николов, кој диктираше темпо во средината и имаше голема шанса уште на самиот старт, како и на Герсон Родригеш, кој презеде одговорност и го изнуди клучниот пенал во регуларниот дел. За жал, во лудите продолженија, Финците преку Боб Армах во 100. минута и спорниот пенал на Пјотр Паржижек во 105. минута сепак стигнаа до резултат кој ги води понатаму.

Европското лето продолжува во Конференциската лига

Добро е што тука не завршува европското лето за Вардар. Тимот се сели во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. И нека тој натпревар во Скопје биде лекција која нема никогаш да се повтори во новите предизвици!

Противникот ќе биде познат многу наскоро. Доколку Рига од Латвија направи пресврт каков што сите посакувавме Вардар да го направи, тие сепак нема да бидат противникот на шампионот на ПМФЛ. Во моментов тие водат со 2-0 на полувремето, и доколку го комплетираат пресвртот по негативата од првиот меч, ерменскиот претставник Арарат-Ерменија ќе биде ривалот на македонскиот шампион.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено