(Видео) Тотенхем пред амбис: Челси ги сoпна „Мамузите“ за опстанок во елитата!

 

Објавено:

Борбата за опстанок во англиската елита ќе се решава во последната секунда. Тотенхем доживеа тежок удар на гостувањето кај Челси губејќи со 2:1, со што сериозно си ја закомпликува судбината пред финалните 90 минути од сезонава. „Мамузите“ имаа чиста математика – со триумф или бод вечерва ќе го завереа спасот и дефинитивно ќе го преселеа Вест Хем во понизок ранг. Наместо тоа, сега влегуваат во последното коло против Евертон со само два бода предност пред зоната за испаѓање, оставајќи го лутиот ривал во игра за епски спас.

Проектил на Енцо и промоција на Алонсо

Домаќините, кои пред мечот и официјално го потврдија Чаби Алонсо за нов долгорочен менаџер, одиграа моќно лондонско дерби под водство на привремениот стратег Калум Мекфарлејн. Сините го отворија резултатот во 18-та минута кога Енцо Фернандес испрати вистински проектил кој заврши во мрежата на Кински.

Тотенхем возврати преку Матис Тел кој ја погоди стативата, но тоа беше сè од нивната анемична игра во поголемиот дел од мечот. Казната за таквиот пристап пристигна во второто полувреме, кога по една кардинална грешка на Коло Муани, Андреј Сантос погоди од непосредна близина за 2:0.

Судиска контроверза во судиското продолжение

Надеж за гостите донесе Ришарлисон во 74-та минута кога намали на 2:1 и ја крена тензијата до максимум. Сепак, вистинскиот земјотрес се случи во судиското продолжение кога на Тотенхем му беше поништен чист пенал.

Марк Кукуреља заработи жолт картон бидејќи брутално го собори Ван де Вен на земја во шеснаесеттникот при еден корнер, но арбитрите донесоа шокантна одлука да нема најстрога казна нема бидејќи топката сè уште не била уфрлена во игра во моментот на фаулот!

Со овој триумф Челси скокна на осмото место на табелата и ширум ги отвори портите за излез во Европа, додека Тотенхем го чека вистински пекол во недела каде нема право на нов кикс ако сака да преживее во Премиер лигата.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено