(Видео) Трката продолжува: Сити го „скрши“ Брентфорд и се доближи до Арсенал!

 

Објавено:

Манчестер Сити успеа да ги освои трите бода на клучниот дуел против Брентфорд, победувајќи со 3-0 и со тоа ја одржа во живот трката за титулата во Премиер лигата. По киксот и ремито против Евертон во понеделникот, избраниците на Пеп Гвардиола се вратија на победничките патеки и сега заостануваат само два бода зад лидерот Арсенал.

Иако првото полувреме помина во знаци на фрустрација кај домашните навивачи поради пропуштените шанси на Ерлинг Халанд и блоковите на Кристофер Ајер, Сити успеа да го скрши отпорот на гостите во вториот дел. Џереми Доку, кој беше најдобриот играч на теренот, го отвори резултатот во 60-та минута со прекрасен гол во далечниот агол. Ерлинг Халанд ја зголеми предноста на 15 минути пред крајот, а конечниот резултат го постави резервистот Омар Мармуш во судиското продолжение.

Голманот Џанлуиџи Донарума исто така имаше своја улога во победата, сочувувајќи ја мрежата чиста со неколку клучни интервенции, особено по обидите на Игор Тијаго и Матијас Јенсен. Со овој триумф, Сити ја продолжи својата серија без пораз дома на 16 натпревари и стигна до гол-разлика од +40, само еден гол помалку од онаа на Арсенал.

Извор: https://www.premierleague.com

Сандерленд за малку до изненадување против „бледиот“ Јунајтед

Порано денес, Сандерленд беше многу блиску до ретка победа над Манчестер Јунајтед на „Стадионот на светлината“, но натпреварот заврши без голови (0-0). Домаќините доминираа и создадоа подобри шанси, вклучувајќи го зицерот на Ноа Садики и ударот на Лутшарел Гертруида кој заврши во стативата.

Голманот на Јунајтед, Сене Ламенс, беше херојот на својот тим со неколку храбри одбрани, додека гостите, кои настапија без Каземиро, изгледаа целосно безопасни. „Ѓаволите“ за малку ќе го завршеа натпреварот без ниту еден шут во рамките на голот, сè до интервенцијата на Робин Роефс по ударот на Матеус Куња во судиското продолжение.

Борнмут поблиску до Европа по триумфот на „Крејвен Котиџ“

Борнмут направи голем чекор кон обезбедување излез во Европа следната сезона со тешката победа од 1-0 на гостувањето кај Фулам. Херој на натпреварот беше младиот Бразилец Рајан, кој на почетокот на второто полувреме со прецизен удар од 20 метри ја затресе мрежата на домаќините.

Мечот беше одбележан и со два црвени картони по интервенција на ВАР – прво за Рајан Кристи од Борнмут, а потоа и за Јоаким Андерсен од Фулам. Со овој триумф, Борнмут се зацврсти на шестата позиција, со два бода предност пред Брајтон и четири пред Брентфорд.

Брајтон убедлив против веќе испаднатиот Вулверхемптон

Брајтон останува во трката за европските места по рутинската победа од 3-0 над последнопласираниот Вулверхемптон. „Галебите“ ја решија дилемата околу победникот уште во првите пет минути со головите со глава на Џек Хиншелвуд (по само 35 секунди игра) и капитенот Луис Данк.

Конечниот резултат го постави Јанкуба Минте во финишот на натпреварот. Единствената грижа за менаџерот на Брајтон е повредата на Каору Митома, кој мораше предвреме да го напушти теренот, што може да биде проблем и за репрезентацијата на Јапонија пред претстојното Светско првенство.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено