(Видео) ВАР комедија: Деклан Рајс не доби црвен затоа што бил „само нервозен“!

 

Објавено:

Англискиот фудбал уште еднаш ги поместува границите на ВАР-апсурдите. Во тешкиот пораз на Арсенал од 3:0 против Брајтон на „Амекс“ стадионот, Деклан Рајс успеа да избегне исклучување иако намерно и без топка го удри Малик Јалкује.

Додека целата фудбалска јавност очекуваше рутински црвен картон за насилничко однесување (violent conduct), ВАР-судијата Тимоти Вуд имаше поинаква проценка. Според информациите, ВАР-собата одлучила дека инцидентот немал „потребна тежина“ за да биде класифициран како насилство. Наместо тоа, официјалното објаснување е дека ударот бил „petulant at best“ (преведено: раздразливо, детско намуртено однесување), па затоа жолтиот картон од судијата Дарен Ингланд бил доволен.

Двојни аршини и ерупција од реакции

Оваа одлука предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, особено ако се земе предвид дека пред само една недела, Фил Фоден доби директен црвен картон за речиси идентичен потег против Бруно Фернандеш.

Фановите на социјалните медиуми не штедеа зборови за судиската организација PGMOL. Коментарите како „Судиите се на мисија да направат сите да ги мразат“, „Petulant at best е мојата нова омилена категорија, нешто помеѓу жолт картон и ‘имаше долга недела’“, и „Ако играч без црвен дрес го направеше ова, веднаш ќе леташе надвор“, беа меѓу најдобрите коментари.

Многумина посочија на недоследноста, Рајс минатата сезона доби црвен картон кога тој беше удрен од играч на Брајтон, а сега минува неказнето за очигледен удар без топка. Дополнително, ова е втора ваква ситуација за него сезонава, откако неодамна имаше слична пресметка со Морган Роџерс.

Став: Театар на апсурдот

Некои како Алан Ширер застанаа во одбрана на одлуката, нарекувајќи ја „само фрустрација“, но реалноста е дека ваквите креативни изговори (petulant at best, loss of focus, didn’t use the arm as a weapon) ја уништуваат довербата во судењето.

Кога правилата не важат подеднакво за сите, и кога намерно удирање противник се сведува на „па што, само беше малку нервозен“, фудбалот губи. Дали ова значи дека од следното коло секој играч има право на „еден нервозен удар без топка“ ако е нерасположен?

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено