Емоциите од завчерашната феноменална партија на Андреас Волф не се смируваат! Светот на ракометот сè уште е воодушевен од настапот на „министерот за одбрана“ кој сам ја сруши моќната Норвешка.
Германската репрезентација славеше во големото дерби против Норвешка со 30:28, во меч кој до крај ги закомпликува пресметките во „групата на смртта“. Но, додека стрелците го одработија својот дел, еден човек стана апсолутен херој и тема број еден во сите спортски медиуми, Андреас Волф.
Статистика од друга планета!
Германскиот чувар на мрежата приреди вистинска магија меѓу стативите, завршувајќи го натпреварот со нестварни 22 одбрани и висок процент на успешност од 44%. Во моментите кога Норвешка се обидуваше да се врати, Волф буквално го „заклучи“ својот гол, оставајќи ги противничките бекови во целосен очај.
„Прв наслов Волф, втор Волф, трет Волф!“
На ваквата партија не остана имун ниту легендарниот Данец, Каспер Хвидт. Еден од најдобрите голмани во историјата призна дека одамна не видел ваква доминација на големата сцена.

„Сведоци бевме на лудило! Оваа претстава сигурно ќе биде запишана како една од најдобрите што некогаш сум ги видел во живо. Беше едноставно фантастично“, изјави Вит во еуфорија, додавајќи: „Ако треба да ставиме три наслови за овој натпревар, тие би гласеле: Првиот – Волф, вториот – Волф и третиот повторно Волф!“.
Германија со оваа победа испрати силна порака до сите фаворити за медал, а Андреас Волф уште еднаш докажа зошто многумина го сметаат за најдобар во светот кога е најпотребно.
Гостинска статија на Марија Петровска



