„Заслуживме повеќе од бод“, Матеј Гаштаров со европски првенец ѝ донесе реми на Црвена звезда

 

Објавено:

Младиот македонски репрезентативец Матеј Гаштаров имаше вечер за паметење на европската сцена. Во четвртото коло од лигашката фаза на УЕФА Лигата на конференции, нашиот фудбалер го постигна својот првенец во европските натпреварувања и ја спаси Црвена звезда од пораз на гостувањето во Белгија, каде „црвено-белите“ ремизираа 1-1 против Гент.

Тимот на Алберт Риера имаше целосна иницијатива и создаде серија зрели шанси на „КАА Гент Арена“, но домаќините беа тие што први стигнаа до предност преку погодокот на Араухо во 26. минута. Иако белградскиот состав продолжи со силен притисок во текот на целиот натпревар, промашувањата на Лучиќ, Хандел, Костов, Абу Фани и Гудељ го држеа Гент во водство сѐ до завршницата.

Брилијантен потег во 85. минута и јасна порака по натпреварот

Наградата за големата доминација на гостите стигна во 85. минута, кога на сцена стапи Гаштаров. Македонскиот интернационалец со одличен дриблинг нанижа дури тројца противнички фудбалери, си отвори простор за удар и прецизно ја смести топката во мрежата на Гент за 1-1. До самиот крај Звезда имаше шанса и за целосен пресврт, но ударот на Абу Фани во 90. минута заврши малку над пречката.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

По завршувањето на натпреварот, Гаштаров не го криеше мислењето дека неговата екипа покажала доволно за да си замине од Белгија со целиот плен, упатувајќи и посебна благодарност до гостинските трибини.

„Добро влеговме во натпреварот и сметам дека заслуживме повеќе од еден бод. Не ги искористивме приликите што ги имавме, а доминиравме во текот на целиот дуел, особено во второто полувреме кога покажавме дека сме подобриот тим. Навивачите се наш 12. играч и многу им благодарам што дојдоа во толку голем број да нѐ поддржат“, порача Гаштаров.

Следете нѐ: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено