Додека поголемиот дел од Формула 1 возачите се забавуваа на светската премиера на новиот филм со Бред Пит, Макс Верстапен беше забележан назад на тркачките патеки, овој пат во Спа.
Имено, само два дена после трката за Големата награда на Канада, Макс отпатувал во Белгија каде го тестира автомобилот со неговиот “GT Verstappen.com” тим, пред престојната 24 часовна трка на славната патека.

Верстапен ја искористил сесијата во Спа за да собере податоци за неговиот тим, кој моментално е втор во шампионатот за долги трки.
Покрај работата, Верстапен се забавувал на една од неговите омилени патеки, па претекнал и неколку возачи, од кој едниот дури и изјави дека бил “почестен да биде претекнат од шампионот Верстапен”.
Más del GOAT en Spa🤩
Max Verstappen o Franz Hermann, como quieras llamarlo… es el mejor, vive y respira automovilismo como ninguno.#F1 #Formula1 #Verstappenpic.twitter.com/Eg4EF4WpNM
— FormulaArg (@FormulaArgOK) June 17, 2025



