Фран Гарсија ги користи своите моменти во дресот на Реал Мадрид за да блесне на најголемата светска сцена во моментов – Светското клупско првенство.
Левиот бек на Реал Мадрид, кој често останува во сенка на ѕвездите, конечно доби заслужено внимание откако постигна клучен гол против Борусија Дортмунд и ја обезбеди победата за “кралскиот клуб”, кој сега продолжува во полуфиналето.
25-годишниот Гарсија беше прогласен за играч на натпреварот, а ова е само потврда на неговата најдобра форма во дресот на Реал, откако клубот го врати од Рајо Ваљекано. Со фантастична борбеност, трчање по цела линија и смелост во дефанзива, тој си го обезбеди местото во тимот полн со ѕвезди.
View this post on Instagram
Клучен за неговиот напредок е тренерот Хаби Алонсо, кој уште од деновите во Баер Леверкузен верувал во неговиот потенцијал.
“Чувството е неверојатно, секогаш давам сè за овој клуб. Секогаш се паметат победниците на нов турнир, а јас сакам Реал Мадрид да влезе во историјата како прв шампион на новиот формат”, изјави Гарсија за ФИФА.
Фран Гарсија е дете на академијата на Реал Мадрид, каде под водство на Солари и Гути научил дека за успех се потребни трпение, работа и верба.
Неговата приказна е доказ дека “кралската школа” и понатаму создава врвни фудбалери. Светското клупско првенство е совршена прилика тој да покаже дека заслужува да биде дел од историјата на Реал Мадрид.



