16 нации, 4 билети, еден сон: Светското првенство!

 

Објавено:

Фудбалска Европа е пред точка на вриење. Вечерва, 16 национални тимови ќе влезат во безмилосна битка за преостанатите четири слободни места кои водат на Мундијалот ова лето. Системот е суров – четири „патеки“, четири мини-турнири, каде само победниците ќе го слават пласманот на најголемата светска сцена.

Реномираниот медиум „The Athletic“ направи детална анализа на сите двојки, а еве што велат нивните експерти за патот на Македонија и останатите европски гиганти.

Патека Д: Може ли Македонија повторно да го шокира светот?

Македонија вечерва гостува на „Паркен“ против Данска, а аналитичарите на „The Athletic“ со доза на претпазливост гледаат на нашиот национален тим. Иако Данците се апсолутни фаворити поради својот ранг (21-во место на ФИФА) и индивидуалниот квалитет на играчи како Хoјлунд и Ериксен, новинарот Ник Милер потсетува на едно: „Никогаш не ја отпишувајте Македонија во бараж!“

„Македонците веќе ги направија Италијанците будали во оваа фаза од квалификациите за минатиот Мундијал. Иако доживеаја тежок пораз од Велс (7-1) во групата, тоа можеби беше само резултат на фактот што веќе знаеја дека имаат обезбедено место во баражот преку Лигата на нации. Данска е фаворит, но притисокот е кај нив“, пишува Милер.

Во второто полуфинале на оваа патека, Чешка ја пречекува Република Ирска. Ирците дојдоа до тука по драматичната победа над Унгарија во последната минута, но Чесите, и покрај некои неочекувани порази во групата, важат за поискусен тим на домашен терен во Прага.

Патека А: Италија се бори со сопствените демони

Најголемото име во баражот е четирикратниот светски шампион Италија. „Аѕурите“ вечерва се домаќини на Северна Ирска, а нивниот најголем противник не е ривалот на теренот, туку стравот од трето последователно пропуштено Светско првенство. Џејмс Хорнкасл истакнува дека Италијанците го избраа Бергамо и помалиот стадион (23.000 капацитет) за да создадат „пеколна“ атмосфера, свесни дека во минатото големите стадиони како „Сан Сиро“ им донеле само тага.

Во овој дел од ждрепката, Велс ја пречекува Босна и Херцеговина. Велшаните се благи фаворити поради „Црвениот ѕид“ во Кардиф, каде ретко губат клучни натпревари.

Извор: https://x.com/UEFAEURO

Сите полуфинални двојки (Вечерва, 20:45ч):

Патека А:

  • Италија vs Северна Ирска
  • Велс vs Босна и Херцеговина

Патека Б:

  • Украина vs Шведска (се игра во Валенсија, Шпанија)
  • Полска vs Албанија

Патека Ц:

  • Турција vs Романија
  • Словачка vs Косово

Патека Д:

  • Данска vs МАКЕДОНИЈА
  • Чешка vs Република Ирска

Што вели статистиката и формата?

  • Патека Б: Најмногу внимание привлекува дуелот Украина – Шведска. Швеѓаните се можеби најталентираниот тим кој не победи на ниту еден меч во групата (влегоа преку Лига на нации), а сега новиот тренер Греам Потер ќе се обиде да ги разбуди ѕвездите како Ѓокереш.
  • Патека Ц: Турција на Винченцо Монтела важи за апсолутен фаворит против Романија, додека Косово сонува историско прво учество на Мундијал против Словачка.

Победниците од вечерните дуели ќе играат во големите финалиња во вторник, на 31 март. Дали Македонија ќе биде дел од тој финален чекор? Денес цела нација верува!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено