12.8 C
Skopje

7 ГОЛА И МВП ПАРТИЈА: Жарко Пешевски е во „Дрим-тимот“ на Лигата на Шампионите!

Објавено:

Какво признание за македонскиот репрезентативец! Жарко Пешевски сосема заслужено се најде во идеалниот тим на колото во ракометната Лига на шампионите.

Пивотот на Еурофарм Пелистер одигра МВП партија во епската победа над ПИК Сегед во Битола (25-24). Пешевски беше незадржлив, го „размонтира“ унгарскиот тим и го заврши мечот со седум гола, со што беше играч на натпреварот.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја препозна неговата доминација и го смести на позицијата најдобар кружен напаѓач во рундата.

Пешевски се најде во елитно друштво, заедно со ѕвезди од Барса, Веспрем и Фуксе Берлин, кој доминира со тројца играчи.

Идеалниот тим на колото во ЛШ:

  • Голман: Начо Биоска (Нант)
  • Лево крило: Бјарки Мар Елисон (Веспрем)
  • Лев бек: Мартим Коста (Спортинг)
  • Среден бек: Тобиас Грондал (Фуксе Берлин)
  • Десен бек (МВП): Матиас Гидсел (Фуксе Берлин)
  • Десно крило: Алеиш Гомез (Барса)
  • Пивот: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер)
  • Дефанзивец: Макс Дарј (Фуксе Берлин)

Потсетете се уште еднаш на најдобрите моменти од мечот меѓу Пелистер и ПИК Сегед!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено