11.8 C
Skopje

(Видео) Од јадење црви до “заплашување” на Меси: Запознајте го Шон Дајш – најголемиот лик во Премиер лигата!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Шон Дајш од денес и официјално е нов менаџер на Нотингем Форест, но фудбалската јавност не зборува толку за неговите тактички квалитети, колку за неговата уникатна и урнебесна личност. 54-годишниот стратег е познат по својот прагматичен фудбал, но и по своите легендарни изјави и приказни кои го прават вистински култен лик.

Одлучивме да ве потсетиме на некои од неговите најдобри моменти, кои докажуваат дека зад грубата фасада се крие еден од најинтересните ликови во модерниот фудбал.

Дали навистина јаде црви?

Една од најпознатите урбани легенди е дека Дајш го добил својот рапав глас зато а што јаде црви. Приказната ја рашири негов поранешен соиграч, а Дајш мораше јавно да ја демантира. “Да бидеме јасни, не јадев црви. Тоа беше само шега што ја правев. Ќе земев голем, сочен црв, ќе го ставев во уста, ќе го џвакав и потоа ќе го плукнев. Но, никогаш не сум ги јадел”, изјави тој, додавајќи низ смеа дека рапавиот глас му е од „пушење ауспуси и појадување чакал“.

Како го “избрка” Меси од Премиер лигата

Дајш е и човекот кој, според неговата приказна, го спречил Лионел Меси да дојде во Манчестер Сити. На еден состанок, тој го прашал Пеп Гвардиола за гласините, а одговорот на Пеп бил легендарен: “Шон, му реков на Лео: ‘Не можеш да дојдеш во Манчестер. Таму постојано врне. А кога ќе престане да врне, повторно почнува да врне’. Потоа му реков: ‘Лео, во понеделник навечер ќе мора да одиш во Барнли, кај тимот на Шон. А тие ќе те удираат бам, бам, бам…'” “Му реков: ‘Точно така ќе направиме, Пеп. Добро си го предупредил'”, раскажа Дајш.

Од индиска храна до улога во спот

Неговата личност е шаренолика. Тој е познат како голем гурман и познавач на индиската храна, а едно негово интервју за Би-Би-Си, во кое со страст зборува за пилешко кари, стана вирален хит.

Исто така, тој се појави и во спот на британскиот бенд “Blossoms”, каде што глуми “газда” кој ги испраќа на мисија.

На крајот, едно е сигурно, со Шон Дајш на клупата, на Нотингем Форест можеби нема да му биде забавен фудбалот, но на прес-конференциите сигурно ќе биде интересно.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено