11.8 C
Skopje

Чекор напред за спортот: Данска ги забрани рекламите за обложување за време на натпреварите!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во еден од најзначајните потези за заштита на интегритетот на спортот во поновата историја, Данска воведе нов, строг закон со кој се забрануваат реклами за спортско обложување десет минути пред, за време на, и десет минути по преносот на спортски натпревари во живо.

Оваа одлука, позната како “забрана од свирче до свирче”, претставува огромен чекор напред во борбата против агресивниот маркетинг на обложувалниците и растечката зависност од коцкање, особено кај младата популација.

Данска кажа “НЕ” на предаторскиот маркетинг

Новиот договор, поддржан од речиси сите партии во данскиот парламент, има за цел да го намали “инсидиозното” влијание на обложувалниците врз спортот. Досега, како и во многу други земји, гледачите беа бомбардирани со реклами за “коефициенти во живо” и “специјални понуди” токму во моментите кога емоциите се најсилни, за време на самите натпревари.

“Сведоци сме на реклами кои се насочени кон поттикнување на зависност. Една неодамнешна реклама дури започна со зборовите: ‘Размислував повторно да почнам да играм…’ Ова е злобно”, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.

Иако со новиот закон обложувалниците и понатаму ќе смеат да се рекламираат на дресовите и на стадионите (освен за коефициенти во живо), ова е првиот голем чекор кон нивно целосно отстранување од спортските преноси.

Потег кој ја потврдува нашата мисија

Оваа одлука на Данска е директна потврда за вредностите и принципите за кои Спортска Станица се залага од својот прв ден. Како што е наведено во нашиот Вајт Пејпер, ние веруваме дека спортот мора да биде ослободен од злоупотреба и експлоатација.

Нашата мисија е да создадеме платформа каде спортот ќе блеска во својата најискрена форма, ослободен од индустриите кои ја искористуваат љубовта кон него. Одбивањето да се промовираат обложувалници, казина и брзи кредити не е само уредувачка политика – тоа е нашиот темел.

Потегот на Данска докажува дека заштитата на младите и на спортот е можна кога постои политичка волја. Се надеваме дека овој позитивен пример ќе биде инспирација и за другите земји, вклучително и нашата, да го следат истиот пат.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено