10.8 C
Skopje

Славните Лејкерси дадени на продажба за историска цена

Објавено:

После цели 50 години во сопствеништво на фамилијата Бас, славниот кошаркарски клуб ЛА Лејкерс ќе биде даден на продажба.

Новиот сопственик на клубот од Лос Анџелес ќе биде Марк Волтер, мнозинскиот акционер во клубот Лос Анџелес Доџерс, а за новиот клуб како што пишуваат странските медиуми тој ќе плати дури 10 милијарди долари, вредност што се очекува да порасне на 12 милијарди со сите додадени трошоци.

Лејкерси се еден од најпрепознатливите брендови во било кој спорт во светот. Нивната жолто-виолетова боја е асоцијација за славните денови на Коби Брајант, Шекил Онил, Карим Абудл-Џабар, а најново и на Леброн Џејмс.

Извор: https://x.com/Lakers

Договорот кој сè уште не е официјализиран, но се зборува дека е во финални подготовки, ќе биде историска продажба на тим од НБА лигата, а само за споредба, кошаркарскиот клуб Бостон Селтикс беше продаден во март оваа година за “само” 6.1 милијарди долари.

Она што е интересно е дека Лос Анџелес Лејкерс се втори на табелата на најмногу освоени шампионати во НБА со 17 трофеи, а први на листата се токму Бостон Селтикс со 18.

Но, брендот што го изградија Лејкерси низ сите овие децении ги направи не само спортски клуб, туку и неверојатна маркетинг шанса за сопствениците, па не е ни чудо што овој препознатлив бренд достигна толку висока цена и со новиот договор ќе стане најскапата спортска франшиза во светот.

https://x.com/Lakers

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено