10.8 C
Skopje

(Видео) Дјурант на сцена дозна дека се сели во Хјустон

Објавено:

Попладнево одекна веста дека Кевин Дјурант е разменет од Феникс Санс во Хјустон Рокетс. Новостите изгледа пристигнаа во вистински момент, бидејќи самиот кошаркар можеше да изреагира во живо додека беше на сцена во Њујорк.

Дјурант ги слушна вестите пред големата публика, а неговата реакција беше: “Ќе видиме, ќе видиме што ќе се случува”.

Според повеќе кошаркарски извори, токму Хјустон Рокетс биле посакуваната следна дестинација, откако ќе му истече договорот идната сезона.

Во сензационална размена, ѕвездата на Феникс Санс беше разменет за Џејлен Грин, 10-от пик на драфтот за 2025 година.

Иако е во подоцнежните години во својата кариера, Дјурант останува да биде еден од најпродуктивните играчи во НБА, со просек од 26.6 поени, 6 скокови и 4.2 асистенции во еден натпревар.

Инаку, Кевин Дјурант беше МВП во 2014 година и четири пати беше најдобар стрелец во НБА.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено