Официјално: Гари О’Нил се сели во Лига 1 и го презема Стразбур

 

Објавено:

Францускиот прволигаш Стразбур го реши прашањето за шеф на стручниот штаб со ангажман на добро познато име од Премиер лигата. Гари О’Нил (42), поранешниот менаџер на Борнмут и Вулверхемптон, официјално е именуван за нов тренер на тимот од Алзас.

Англискиот стратег потпиша договор со важност до 30 јуни 2029 година. Ова е прв ангажман за О’Нил надвор од Островот, откако во декември доби отказ од клупата на „Волците“.

„BlueCo“ врската проработе

Ангажманот на О’Нил не е големо изненадување ако се земе предвид сопственичката структура. Стразбур е во сопственост на конзорциумот „BlueCo“, кој исто така го поседува и лондонскиот Челси. О’Нил важи за модерен тренер кој знае да работи со млади играчи, што совршено се вклопува во проектот на клубот.

„Возбуден сум што ќе почнам и горден сум што сум дел од овој фантастичен клуб. Стразбур има уникатна историја и неверојатна страст. Фокусиран сум на напорна работа со тимот за да дадеме сè за успех, изјави О’Нил на промоцијата.

Претседателот на клубот, Марк Келер, го опиша О’Нил како „баран и признат тренер со модерен пристап кон фудбалот“.

Дебито закажано за в сабота

О’Нил нема многу време за адаптација. Тој веќе в четврток ќе го одржи првиот тренинг, а дебито на клупата ќе го има в сабота на натпреварот од Купот на Франција против Авранш.

Како тренер, тој има искуство од 88 натпревари во Премиер лигата, а како играч има запишано над 500 настапи во професионалниот фудбал во Англија.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено