По успешното пристигнување во Винтертур и првиот одработен тренинг, македонската ракометна репрезентација е подготвена за првиот тест на „Жолтиот куп“.
Кружниот напаѓач Жарко Пешевски смета дека и покрај напорниот пат, тимот е фокусиран на задачата, финално воигрување пред ЕП.
„Кратко беше времето за адаптација по долгото патување, но успеавме да одработиме тренинг и да се фокусираме. Ќе се соочиме со селекции (Бахреин, Украина, Швајцарија) кои максимално ги почитуваме. Овие контролни натпревари ќе ни послужат за темпирање на формата и подобрување на играта во одредени сегменти“, изјави Пешевски.
Првиот предизвик за избраниците на Лазаров е селекцијата на Бахреин, утре (8 јануари).



