Младиот фудбалер на ГФК Тиквеш, Ѓоко Спасов, во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на турскиот клуб Серик Спор (FC Serik Spor Futbol).
Кавадарчани потврдија дека е постигнат договор за позајмица, па Спасов своето меѓународно искуство ќе го гради во Анталија, каде што настапува овој клуб. Управата на Тиквеш му посака успешна полусезона на својот младинец во силното турско натпреварување.



