11.8 C
Skopje

Барса се враќа дома – но само на гости кај својата историја!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

По две сезони скитници на Монжуик, каталонскиот гигант конечно ќе ги отвори вратите на легендарниот Камп Ноу, но со многу ограничен капацитет. На 10 август, Барса ќе го одигра традиционалниот меч за Трофејот “Жоан Гампер”, што ќе означи симболичен камбек на стадионот кој моментално е во процес на целосна трансформација.

Според информациите на “The Athletic”, трибините, ВИП-секторите и покривот сè уште се под реконструкција, па за првиот натпревар ќе бидат пуштени само околу 25.000 гледачи. Амбицијата е Камп Ноу да прерасне во најголемиот стадион во Шпанија со капацитет од 105.000 седишта, но тоа нема да се случи пред летото 2026 година.

Иако првично планираа да се вратат за 125-годишнината во ноември 2024, работите на стадионот се одложија, а клубот веќе побара првите кола од новата сезона да ги одигра на гости. Планот е дефинитивниот камбек да биде во септември, пред почетокот на групната фаза во Лигата на шампионите.

Извор: https://www.fcbarcelona.com

Каталонската фудбалска “Саграда Фамилија” ја започна својата реконструкција со урнувањето на легендарниот Камп Ноу, домот на кој пораснаа поголемиот дел од навивачите на Барса, па реакциите во јавноста и тогаш беа поделени околу рушењето на парчето историја на клубот на кој на трибините беа испишани легендарните зборови “Повеќе од клуб”, нешто што ако сте ја посетиле Барселона, ќе знаете дека е 100% точно.

Како што пишува “The Athletic”, клубот е решен да не повтори грешките од минатата сезона кога неколку пати ги пролонгираа роковите. Сценариото наликува на она на Реал Мадрид, кои пред две години ги одиграа првите три кола во Ла Лига на гости поради реконструкцијата на “Сантијаго Бернабеу”.

Сепак, за навивачите ова е повеќе од обичен меч – тоа е симболичен сигнал дека “куќата на Барса” повторно ќе пулсира, иако засега скромно и во полуработна верзија. А вистинскиот спектакл, како што велат од клубот, допрва следи…

Извор: https://www.fcbarcelona.com

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено