Далас ја отвори новата НБА ера со “чудото од Дјук” – Флег е прв пик!

 

Објавено:

Талентираниот 18-годишен Купер Флег официјално е нов член на Далас Маверикс, откако тимот го избра како прв пик на НБА драфтот 2025.

Флег веќе направи историја во колеџ кошарката – како бруцош стана најмладиот добитник на Нејсмит наградата за најдобар играч уште од времето на Зион Вилијамсон. Со просек од 19.2 поени, 7.5 скока и 4.2 асистенции, младиот Американец од Мен покажа дека може да биде разликата и на двата краја од теренот.

Далас стигна до првиот пик благодарение на вистинско “лото чудо”, со само 1.8% шанса да го добијат. Сега, Флег се приклучува на ростер полн со ѕвезди, но и ветерани како Ентони Дејвис и Кајри Ирвинг.

“Возбуден сум да учам од вакви играчи и да бидам дел од победничка средина”, изјави Флег, кој наполни 18 години пред неколку месеци.

Неговите перформанси во НЦАА беа спектакуларни. Тој го водеше Дјук до Фајнал Фор, а против Аризона забележа 30 поени, 7 асистенции и 3 блокади – рекорд за бруцош во турнирот.

Флег влезе во историјата и со настапот против американскиот олимписки тим, каде се докажа против најдобрите, меѓу кои и Леброн Џејмс.

Генералниот менаџер на Далас, Нико Харисон, ја бранеше тешката одлука да го трејдува Лука Дончиќ, објаснувајќи дека “одбраната носи титули”. Сега, со Купер Флег како новата надеж после лошата сезона изминатата година, Далас гради тим што може веднаш да се бори за врвот.

Флег е тука да учи, но и да “згази”, како што сам изјави со насмевка.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено