2.8 C
Skopje

Роналдо добива сопственост и 550 илјади евра неделно!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите шпекулации околу иднината на португалската ѕвезда завршија – Роналдо и официјално го продолжи договорот со Ал Наср до 2027 година, а бројките се астрономски. Двете наредни сезони ќе заработи неверојатни 400 милиони евра годишно, што го задржува како најплатен фудбалер на светот.

Но, приказната не застанува тука. Како дел од новата зделка, Роналдо ќе добие и малцински удел во сопственоста на Ал Наср, што само ја потврдува неговата клучна улога во проектот на клубот.

Легендата на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед веќе има влијание врз трансферите, а во иднина ќе учествува и во одлуки на највисоко ниво. Неговото влијание веќе се покажа кога во шокантна одлука беше отпуштен најпрво извршниот директор на клубот, а подоцна и тренерскиот тим. За една од неговите “жртви” веќе пишувавме, а статијата можете да ја прочитате тука.

Извор: https://www.facebook.com/GiveMeSport

На Глоуб Сокер наградите, Роналдо јасно стави до знаење: нема да биде тренер, но би можел да стане сопственик на клуб во иднина.

Со трансферот во Саудиска Арабија, Роналдо ја зголеми популарноста на лигата како никој друг, но сè уште ја чека првата голема титула со Ал Наср.

Роналдо има 93 голови на 105 натпревари за Ал Наср, но со полни 40 години, и самиот призна дека таа бројка можеби нема да ја достигне:
“Јас веќе сум играчот со најмногу голови во историјата. 1.000 звучи убаво, но ако не се стигне таа бројка, и вака сум задоволен”, изјави Португалецот.

Едно е сигурно – Кристијано не планира наскоро да ги закачи копачките на ѕид. Саудиска Арабија останува неговата сцена… барем уште две години!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено