(Анализа) Вардар ризикува тужба од Америка: Скриншотовите за Мато се очајнички потег

 

Објавено:

Она што требаше да биде „бомбастична вест“ за милионски трансфер, за помалку од неколку часа се претвори во меѓународен срам и ПР катастрофа за најтрофејниот македонски клуб.

Додека ФК Вардар официјално слави прифаќање на понуда од Спортинг Канзас Сити (САД), реалноста која доаѓа од Шкотска и Америка е сурово поразлична. Хартс тврди дека има потпис, а Канзас тврди дека се повлекле.

Во средината на овој хаос стои еден клуб кој објавува скриншотови од е-маил кореспонденција, потег кој отвора сериозни прашања за професионалноста, легалитетот и иднината на Вардар.

„Ладен туш“ од Единбург: Хартс и Канзас ја кажаа вистината

Угледниот шкотски медиум Edinburgh News попладнево објави текст кој директно ги демантира надежите на Вардар. Според нивниот новинар Бери Андерсон, понудата од Канзас Сити постоела, но таа датира пред Мато да се договори со Хартс.

„Имаме потпишан договор со играчот и сме релаксирани околу ситуацијата,“ изјави портпаролот на Хартс за Edinburgh News.

Уште поважно, американскиот клуб за истиот медиум потврди дека веќе не се обидува да го ангажира Мато:

„Спортинг Канзас Сити истражуваше трансфер за Роџерс Мато, но тој избра да потпише пред-договор со Хартс и му посакуваме сè најдобро во иднина,“ гласи ставот на клубот од МЛС.

Ова јасно укажува дека „милионската понуда“ што Вардар ја „прифати“ денес, е веќе неважечка или застарена во очите на Американците.

Скриншотови од „пеколот“: Правно самоубиство на Вардар?

Во очајнички обид да докаже дека има понуда, Вардар на својот официјален сајт објави „скриншотови“ од е-маил комуникацијата со агентот и клубот. Овој потег е преседан во професионалниот фудбал.

Анализа на SportStation:

  1. Изглед на „документите“: Е-маиловите објавени од Вардар, прикачени на веб-страница која изгледа како да е изработена од средношколец (без да навредиме никого, можеби од ветеринарна струка), делуваат крајно непрофесионално. Ова не е имиџ на најголемиот македонски бренд.
  2. Правен ризик: Доколку е-маиловите се вистински, Вардар направил класичен Breach of Confidentiality (Прекршување на доверливоста). Објавување на приватна деловна кореспонденција, суми и плати без согласност на другата страна е казниво со закон и подлежи на тужби пред ФИФА и редовните судови. Спортинг Канзас Сити би имал целосно право да го тужи Вардар.
  3. Ако се лажни: Доколку се работи за фабрикувани документи за смирување на навивачите, тогаш зборуваме за измама и манипулација од невидени размери.
НАШ СТАВ: Вардар заслужува подобро од „средношколски“ ПР

„Доколку е-маилот што Вардар го постираше на својот сајт, кој изгледа како да е изработен од средношколец (од ветерина), е лажен – срамот е голем. Но, доколку е вистински, Вардар е оставен на милост и немилост на клуб од САД да добие тужба за оддавање деловна тајна. Ова е потег на очајници.

Очигледно е дека неспособноста на управата да го задржи Мато или навремено да го продаде, сега ќе се крие со негово демонизирање и обвинувања кон играчот, за да се сокрие она што цела јавност го знае, дека Вардар повторно потфрли организациски.“

Како се „переше“ јавноста: Лажните вести од декември

За да биде сликата појасна, мора да се потсетиме на медиумскиот мрак во кој се држеа навивачите. На 16 декември 2025, одредени портали блиски до раководството објавија дека Мато „потпишал нов договор“ и дека станал „најскап играч“.

Денес гледаме дека тоа било чиста лага. Мато никогаш не го продолжил договорот, што му овозможи сега да си замине бесплатно (според Босман правилото). Кој ги нарачуваше овие текстови за да купува мир?

Светот ни се смее: Реакциите на навивачите на Хартс

Додека во Македонија се води „војна“ со соопштенија, навивачите на Хартс гледаат на ситуацијата со потсмев. За нив, Вардар е клуб кој се обидува да изнуди пари за играч кој веќе го загубил.

👇 Проследете ја целата хронологија на распадот на овој трансфер:


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено