Она од што најмногу се плашеа навивачите на Вардар, а на што SportStation.mk предупредуваше, денес стана реалност. Шкотскиот премиерлигаш Хартс (Heart of Midlothian) официјално објави дека постигнал договор со Роџерс Мато.
Репрезентативецот на Уганда стави потпис на тригодишен договор со тимот од Единбург, но трансферот ќе се реализира дури во јули, откако ќе му истече актуелниот договор со „црвено-црните“.
Што значи ова за Вардар? Финансиска нула. Најдобриот играч и стрелец на тимот ќе го напушти Скопје како слободен агент, без ниту едно евро обештетување за клубот.
✍️ We are delighted to announce that we have reached an agreement with Ugandan international forward Rogers Mato to become a Hearts player in the summer.
— Heart of Midlothian FC (@JamTarts) January 13, 2026
The 22-year-old will join on a 3-year-deal upon the expiration of his contract with FK Vardar.
ℹ️➡️ https://t.co/smVdodutz6 pic.twitter.com/WVJudYdnEM
Од „1.5 милиони евра“ до бесплатен трансфер
Ова е „студен туш“ за раководството на Вардар. Само пред неколку дена, клубот одби понуда од 350.000 евра токму од Хартс, а потоа излезе со ПР-стратегија дека поставиле откупна клаузула од 1.5 милиони евра, тврдејќи дека Мато „не е за продажба“.
Коцката на управата беше јасна: да се задржи Мато за титула. Но, цената што ја платија е губење на највредниот финансиски актив во тимот.
👇 Еве како течеше сагата (и како Вардар ја испушти шансата за заработка):
Бевме во право: Анализата на Спортска Станица се оствари
Во нашата неодамнешна анализа, детално објаснивме зошто Вардар мора да го продаде Мато сега, дури и за помала сума, но со проценти од идна продажба. Предупредивме дека ризикот да се загуби бесплатно е преголем. За жал, се покажавме како лоши пророци за касата на Вардар.
👇 Прочитајте ја нашата анализа:
Роџерс, со среќа во Шкотска!
Без разлика на лошиот бизнис потег на клубот, Роџерс Мато заслужува само пофалби. Со 12 гола на 13 натпревари, освоен Куп и пласман во Европа, тој ги остави срцето и душата за Вардар.
Хартс добива „експлозивен“ играч, како што самите го нарекоа во соопштението. Мато ќе остане во Вардар до крајот на сезоната и ќе се обиде да се прости од Скопје со шампионска титула, пред да се пресели кај Дерек Мекинес во Единбург.
Ти благодариме за сè, мајсторе!



