Правдата во рацете на балканско дуо: Словенци ќе ни судат во пресметката со Романија

Објавено:

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за денешниот последен дуел на Македонија во групната фаза. По БиХ судиите кои го водеа мечот со Португалија (не баш добро би рекле ние), денеска повторно на центарот ќе видиме судиска двојка од нашите поранешни југословенски простори.

Словенечко искуство на центарот

Правдата на дуелот Македонија – Романија ќе ја делат Словенците Бојан Лах и Давид Сок. Станува збор за една од најдобрите и најискусните европски судиски двојки, кои редовно ги судат најважните натпревари во Лигата на шампионите и на големите првенства. Нивното познавање на балканскиот темперамент и стил на игра би требало да донесе фер и објективно судење во „Јиске Банк Боксен“.

Делегати од Хрватска и Израел

Покрај словенечките судии, на официјалната маса за регуларноста ќе се грижат делегатите Лидија Бојиќ Чачиќ од Хрватска и Шломо Коен од Израел.

Натпреварот започнува во 18:00 часот, а за Македонија победата е единствена опција за да остане во трка за главната рунда. Очекуваме Лах и Сок да овозможат ракометна борба во која ќе победи подобриот, без непотребни тензии на теренот и подобро судење од нивните балкански колеги.

Следете нè: Facebook | Instagram | X


Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено