Партизан ја прекина серијата порази со триумф во Минхен: Солидна партија на Димитријевиќ

Објавено:

Екипата на Партизан успеа да стави крај на серијата од седум порази по ред во Евролигата, откако славеше на гостувањето кај Баерн Минхен со 63:67. Во натпревар со мал број поени во „САП Гарден“, гостите од Белград беа посконцентрирани во финишот и стигнаа до седмата победа во сезоната.

Нашиот репрезентативец Нено Димитријевиќ одигра уште еден солиден натпревар во дресот на Баерн. Македонскиот плејмејкер заврши со 10 постигнати поени, но тоа не беше доволно да се спречи поразот на неговиот тим, кој во овој дуел настапи без повредениот Андреас Обст. Најефикасен кај Баерн беше Венјен Габриел со 13 поени.

Партизан до клучната предност стигна во последните четири минути од мечот. Исак Бонга и Тони Џекири постигнаа важни поени за водство од 58:67 во последната минута, што се покажа како недостижна предност за домашниот тим. Камерон Пејн со 16 поени беше прво име кај победниците, додека Стерлинг Браун додаде 11. Со овој триумф Партизан ја прекина најлошата низа во елитното натпреварување уште од 2012 година.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено