Во видеото споделено на социјалните мрежи на Кајак.мк, се гледа како дечињата се забавуваат на снегот со импровизирана жичарница која сами ја направиле жителите на селото Подмочани.
Мештаните од селото кое се наоѓа во околината на Ресен е вистински пример дека кога има желба и љубов за спортот, нема изговори за скапи финансии и невозможни услови.
Тие со свои раце и труд им овозможија на дечињата бесплатна радост, но она што е непроценливо вредно е лекцијата на која ги научија и вредностите кои им ги всадија дека за спорт треба да се има чиста љубов и желба.
Секоја чест и длабок наклон од сите во Спортска Станица за овој прекрасен потег!
Погледнете го видеото кое ги стопли срцата на цела Македонија:



