Македонскиот плејмејкер, Андреј Шошкиќ, продолжува со својата доминација во колеџ-кошарката. Во исклучително возбудлив натпревар против Монмаут, Шошкиќ запиша 18 поени, но ниту неговата „луда“ завршница не беше доволна за Стони Брук да го избегне минималниот пораз од 75-76.
„Куршлус“ во финишот: 10 поени за само две минути!
Она што го прави Шошкиќ посебен е неговата способност да преземе одговорност кога е најтешко. Иако сите негови 18 поени дојдоа во второто полувреме, вистинското шоу започна во финишот. Македонецот постигна неверојатни 10 поени во последните 120 секунди од натпреварот, враќајќи го својот тим во игра за победа која на крајот сепак му припадна на противникот.
Шошкиќ беше речиси непогрешлив од дистанца, погодувајќи четири тројки од шест обиди, а на својот ефект додаде и фантастични седум скокови, бројка која е реткост за играч на неговата позиција.
splash 💦
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) February 6, 2026
💻 https://t.co/Gx8YMXzdUi (FloCollege)
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/NDp5mnb9MS
Шести меч во низа со двоцифрен ефект
Ова беше шестти натпревар по ред во кој Шошкиќ постигнува двоцифрен број на поени, со што потврди дека неговата форма не е случајност, туку континуитет. Со овој пораз се прекина најдолгата победничка серија во историјата на Стони Брук (пет победи по ред), но „волците“ и понатаму остануваат во игра за висок пласман во конференцијата.
Пред Андреј и неговите соиграчи се уште седум натпревари до крајот на регуларниот дел, а нова шанса за блесок македонскиот интернационалец ќе има веќе утре пред домашната публика.



