Алкалоид пресилен за Пролет: Лазаров слави на отворањето на годината во „Автокоманда“!

 

Објавено:

Екипата на Алкалоид со триумф ја започна 2026 година, откако пред својата публика славеше над тимот на Пролет 62 со резултат 35-28. Избраниците на Кирил Лазаров ја потврдија фаворитската улога, иако мораа добро да се испотат за да го скршат отпорот на мотивираниот гостин во натпревар каде видовме и исклучувања и голмански бравури.

Извор: https://www.facebook.com/rkalkaloid

Галевски „спушти ролетна“, Митев немилосрден во нападот

Првото полувреме помина во израмнета борба во која Пролет, предводен од новиот тренер Мајнов на клупата, одлично парираше. На пауза се замина со пристојни „плус три“ за домаќинот (17-14), најмногу благодарение на фантастичниот Иван Галевски, кој уште во првите 30 минути запиша 10 интервенции.

Работите станаа потешки за Алкалоид кога Мартин Велковски заработи црвен картон, што значеше скратена ротација на бековските позиции. Сепак, тоа не го сопре налетот на домашните. Клучната разлика беше направена во вториот дел кога фаворитот „додаде гас“ и се одлепи на недостижни 31-21. Прво име на мечот дефинитивно беше Дамјан Митев, кој одигра симултанка и го заврши натпреварот со дури 10 постигнати гола.

Извор: https://www.facebook.com/rkalkaloid

Рутинска завршница и нови бодови

Иако во финишот дојде до мал пад во концентрацијата кај Алкалоид, што Пролет го искористи за серија од 4-0 и ублажување на поразот, победата на Лазаров и неговите момци ниту во еден момент не беше доведена во прашање. Покрај Митев, кај победникот се истакна и Филип Николов со шест погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Томи Димковски со осум гола.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено