Екипата на Комо приреди вистински подвиг елиминирајќи го големиот Наполи по драматична пенал-серија во четвртфиналето на Копа Италија. По 90 минути игра резултатот гласеше 1-1, но во „рулетот“ на пеналите, гостите беа поприсебни и со 7-6 славеа во преполната неаполска арена.
Елмас во првиот тим, Наполи со многу проблеми
Антонио Конте се соочи со огромни проблеми со повредени играчи пред овој меч. Без Де Брујне, Ди Лоренцо и Мектоминеј, нашиот Елиф Елмас доби шанса во стартната постава во средниот ред. Комо, кој беше поодморен поради одложениот меч со Милан, влезе храбро во натпреварот.
Гостите поведоа во 39-та минута преку Батурина од пенал, откако Оливера невнимателно го собори Смолчиќ. Наполи одговори експресно на самиот старт на вториот дел кога Антонио Вергара искористи една топка од Хојлунд и израмни на 1-1 во 46-та минута.
Драма до последен здив и пенал-рулет
Наполи доминираше во второто полувреме, Рамани имаше удар исчистен од гол-линијата, а Хојлунд постојано се закануваше, но Комо издржа. Бидејќи немаше продолженија, се премина директно на изведување пенали.
Серијата беше исполнета со тензија:
- Ромелу Лукаку ја промаши својата шанса, биејќи непрецизно покрај голот.
- Голманот на Наполи, Милинковиќ-Савиќ, одбрани еден пенал, па дури и самиот постигна гол од белата точка на неверојатен начин – топката удри во пречката, па во главата на противничкиот голман и влезе во мрежата.
- Сепак, во „ненадејната смрт“, ударот на Станислав Лоботка беше одбранет од Бутез, што значеше големо славеје за избраниците на Фабрегас.
Елиф Елмас беше сигурен реализатор на својот пенал во петтата серија, но тоа не беше доволно за Наполи да оди понатаму. Комо во полуфиналето ќе се соочи со Интер, што е нивен најголем куп-успех од 1986 година.



