Дали некогаш сте играле FIFA (или PES), судијата свирнал почеток, а противникот со некоја чудна „измама“ ви дал гол додека вие уште сте го местеле џојстикот? Епа, тоа што обично го нарекуваме „скрипта“ или „глич“ во видео игрите, Палермо го направи во живо!
На натпреварот од италијанската Серија Б против Специја, сицилијанците решија дека немаат време за губење.
„Restart Match“ копчето не работи во живо
Акцијата изгледаше како нацртана на табла, или пак како целосна импровизација која случајно успеа совршено. Директно од центар, долга топка, една повратна со глава и – БУМ!
Додека навивачите уште го бараа своето седиште, топката веќе беше во мрежата. Часовникот покажа точно 10 секунди.
Posts from the soccer
community on Reddit
Најсмешниот дел? Овој гол во 10-тата секунда беше единствениот на целиот натпревар. Палермо победи со 1-0, а играчите на Специја веројатно уште се прашуваат дали може да го рестартираат натпреварот.
Ова е доказ дека понекогаш тактиката „шутни ја напред и моли се“ е подобра од „тики-така“.



