(Видео) Змијата пристигна во земјата на викинзите: Интер со спектакуларна филмска најава за Бодо/Глимт!

 

Објавено:

Италијанскиот гигант Интер продолжува да доминира на социјалните мрежи, докажувајќи дека нивниот маркетинг тим е во сопствена Лига на шампиони. „Нероаѕурите“ повторно ги воодушевија навивачите со креативна, филмска најава за вечерашниот меч против норвешкиот Бодо/Глимт.

Во најновото видео, препознатливата „бисционе“ (змијата на Интер) пристигнува на далечниот север, ползејќи низ замрзнатите предели за да се соочи со норвешките викинзи. Снежната атмосфера во најавата совршено се вклопува со реалната состојба во Норвешка. Изминативе денови бевме сведоци на несекојдневни сцени каде Бодо/Глимт со багери го чистеше дебелиот слој снег од стадионот „Аспмира“ за да овозможи одигрување на натпреварот.

Иако Интер влегува како фаворит, Бодо веќе докажа дека на домашен терен, сред ледот и снегот, не смее да биде потценет од никого. Вечерва не очекува вистинска машка борба, а до почетокот на мечот, уживајте во оваа визуелна мајсторија на италијанскиот шампион!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено