(Видео) Серија А: Потоп за Фиорентина во Удине, Болоња славеше низ драма во Пиза

 

Објавено:

Денешниот ден во италијанскиот шампионат донесе два сосема различни натпревари, но со ист исход за гостите од Тоскана – разочарување. Додека Удинезе сурово ја казни Фиорентина, Болоња со мајсторија во последната минута ги однесе бодовите од Пиза.

Удинезе – Фиорентина 3:0

Удинезе ја прекина серијата од три порази на најдобар можен начин, доминирајќи против „виолетовите“ кои изгледаа исцрпено по европските настапи. Натпреварот започна со емотивни моменти, со оглед на тоа што неделава се навршуваат осум години од смртта на легендарниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина токму во хотел во Удине.

На теренот, сепак, немаше милост. Кристијан Кабаселе го отвори резултатот уште во 10-та минута со глава, користејќи го падот на дебитантот Даниеле Ругани. Токму Ругани имаше деби за заборавање – во второто полувреме направи пенал над Кинан Дејвис, кој самиот беше прецизен за 2:0. Точка на мизеријата на гостите стави Адам Букса, кој лесно го претрча Ругани и со прецизен удар го совлада Давид Де Хеа за конечни 3:0.

Пиза – Болоња 0:1

Претходно денес, Болоња стигна до втората последователна победа во Серија А, славејќи на гостувањето кај Пиза. Домашните навивачи и новиот тренер Оскар Хиљемарк имаат за што да жалат, бидејќи Пиза беше тимот кој создаваше шанси, но налета на несовладливиот Лукаш Скорупски.

Полскиот голман правеше чуда на голот на Болоња, а кога конечно беше совладан, Зортеа ја исфрли топката од самата гол-линија. Казната за промашувањата стигна во 90-та минута – Јенс Одгард прими топка со грб кон голот, се сврте и испрати вистински проектил во горниот агол за огромна радост на гостите.


Следете нè: Facebook | Instagram

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено