Дали Астон Мартин само ќе „продефилира“ во Австралија? Кога и Адријан Њуи вели дека е лошо, знаеш дека е лошо!

 

Објавено:

Навивачите на Астон Мартин со нетрпение ја чекаа 2026 година како почеток на една нова, шампионска ера со Хонда и Адријан Њуи на чело. Но, наместо борба за подиум, тимот во Мелбурн пристигна со болид кој повеќе личи на вибро-машина отколку на Ф1 возило. Ситуацијата е толку критична што тимот веќе најави дека Ленс Строл и Фернандо Алонсо ќе возат со строго ограничен број на кругови за да избегнат, верувале или не, трајно оштетување на нервите!

Болид што ги „тресе“ возачите до трнење

Проблемот со екстремните вибрации на шасијата, кој се појави уште на тестирањата во Бахреин, не само што ја уништува електрониката и батериите на Хонда, туку стана и здравствен ризик. Адријан Њуи потврди дека Алонсо чувствува целосно трнење на рацете по само 25 круга, додека кај Строл,кој веќе имаше повреда на зглобот во 2023 година, тој праг е уште понизок – само 15 круга.

„Ако продолжат да возат под вакви вибрации, ризикуваат трајно оштетување на нервите во дланките. Мораме драстично да го ограничиме бројот на кругови викендов“, изјави искрено Њуи, оставајќи ги новинарите во шок.

Срам на највисоко ниво: Ретровизори паѓаат, батерии откажуваат

Иако Њуи се обиде да остане оптимист, велејќи дека шасијата има „огромен потенцијал“ и дека моментално се петти најбрз тим, реалноста е сурова. Вибрациите се толку силни што од болидот буквално паѓаат делови, од ретровизори до задни светла.

Хонда работи деноноќно во Јапонија за да најде решение за батериите кои едноставно не можат да ги издржат овие потреси. Алонсо, кој помина низ пеколот на Мекларен-Хонда пред една деценија, вели дека има „100% доверба“ дека проблемите ќе се решат, но неговиот израз на лицето додека зборува за „трнењето на рацете“ кажува многу повеќе.

Извор: https://x.com/AstonMartinF1

Трка која може да заврши на половина

Прашањето што сите во падокот го поставуваат е: Која е поентата на тркањето ако не можете да ја извозите ниту половината од трката? Ако Хонда не направи чудо во следните 24 часа, Астон Мартин во недела можеби ќе излезе само за да ги испочитува спонзорите, пред возачите да мораат да се повлечат за да си го зачуваат сопственото здравје.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено